Актива Осигурување А.Д. Скопје е Друштво за застапување во осигурувањето, основано во Скопје на 26.11.2008 година, со добивање на решението број: 12-40357/2 од 10.11.2008 година издадено од страна на Министерството за финансии.
Актива Осигурување А.Д. во класата на неживотно осигурување го застапува Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп.
Во класата на животно осигурување го застапува Акционерското друштво за осигурување Винер Лајф - Виена Иншуренс Груп Скопје.
Целиме кон присутност и достапност со постојано проширување на квалитетната продажна мрежа во повеќе градови во државата.