ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА

ОСИГУРУВАЊЕ ОД НЕЗГОДА

Последиците од несреќен случај може да направат трајни последици по здравјето на осигуреникот. За полесно да се справите со неизвесните ситуации препорачуваме да поседувате осигурување од незгода.

Полисата за осигурување од незгода е доброволно осигурување на лица и се однесува на ризиците за здравјето и животот на човекот.

Осигурувањето од незгода содржи осигурени ризици што може да бидат предизвикани од различни последици пример: газење, судрување, удар со или од некаков предмет, удар од струја, удар од гром, лизгање, паѓање, уривање, убод од некаков предмет, убод од инсекти, удар или каснување од животно, труење, изгореници, давење, гушење или задушување, итн. Осигурувањето се склучува годишно и трае од денот на склучување на полисата а територијалното покритието на полисата важи насекаде во светот.

Цената на осигурувањето зависи од осигурените ризици, висината на осигурените суми, занимањето на осигуреникот итн.

Побарајте понуда од нашите агенти за колективна незгода - осигурување на вашите вработени лица, или индивидуална полиса - осигурување на незгода за вас и вашето семејство.
Прочитајте повеќе за условите за сите видови на продукти за осигурување од нашата понуда
Потребните информации за постапката за пријава на штета и обрасците што треба да ги пополните
Осигурителни полиси за сите Ваши потреби. Нашиот тим е подготвен да Ви помогне да го одберете пакетот кој најмногу Ви одговара!