ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ

ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ

Домаќинското осигурување е соодветен начин да си обезбедите заштита на Вашата материјална сопственост.

Полисата за домаќинско осигурување ги покрива најголемиот дел од ризиците кои се однесуваат на градежниот дел на домот, како и на стварите кои се во него.

Во случај на неочекувана и непосакувана несреќа полисата за домаќинско осигурување ќе ви помогне полесно да го обновите и успешно да го реновирате својот уништен имот и ќе добиете надомест на загубата, доколку домот е оштетен, мебелот и покуќнината се украдени или ви е потребно привремено сместување.

Премијата на полисата зависи од повеќе фактори меѓу кои сумата на осигурување на објектот и опремата и ризиците кои се опфатени, достапни се повеќе видови на полиси со различни покритија.

Осигурете ја вашата куќа, стан или викендица според вашите приоритети, побарајте понуда од нашите застапници за точна пресметка и совет кој пакет на ризици е најдобрата опција за вас.
Прочитајте повеќе за условите за сите видови на продукти за осигурување од нашата понуда
Потребните информации за постапката за пријава на штета и обрасците што треба да ги пополните
Осигурителни полиси за сите Ваши потреби. Нашиот тим е подготвен да Ви помогне да го одберете пакетот кој најмногу Ви одговара!