Полисата за автоодоговорност е задолжителена со закон и се прави еднаш годишно при регистрација на сите патнички возила, товарни возила, автобуси, влечни возила, специјални возила, мотоцикли, приклучни возила, работни возила и возила со странска регистрација.
Со овој вид на осигурување се осигурува одговорноста на сопственикот, односно корисникот на моторното возило за штетите кои ќе ги причини кон другите учесници во сообраќајот т.н. трети лица, со користење на возилото.
Тарифата за осигурување од автомобилска одговорност ја утврдува Комисија за автоодговорност при Владата на Република Северна Македонија. Владата на Република Северна Македонија носи одлука за висината на минималната и максималната техничка премија.
Износот на годишната премија зависи од видот и категоријата на моторното возило. Кај патничките возила, висината на годишната премија зависи од силата на моторот, кај товарните возила од носивоста во кг, кај автобусите од намената и бројот на седишта итн. Бонусот, односно, малусот на премијата зависат од пријавените штети и од тоа која година по ред се прави обнова на осигурувањето за конкретното возило.
За изработка на полисата од автомобилска одговорност потребен е барем еден од следните документи: сообраќајна дозвола, фактура или хомологација со техничките информации за возилото, без разлика дали станува збор за прва регистрација на ново, увезено или отуѓено возило како и документ со информации за осигуреникот, односно, сопственикот на возилото (сообраќајна дозвола, лична карта, купопродажен договор за возилото).
Со полисата за осигурување од автомобилска одговорност може да се склучат следните дополнителни осигурувања:
- Доброволно осигурување на возач и патници од незгода
- Кршење на стаклата, само кај патничките возила
- Зелена карта со која ја осигурувате вашата одговорност како возач на возилото во странски земји.
Зелената карта претставува територијално проширување на полисата за осигурување од автоодговорност во сите европски земји кои се членки на Системот за зелен картон. Доколку не поседувате зелен картон, треба да уплатите гранично осигурување во земјата во која патувате, а тоа е поскапо.
Издавањето на Зелената Карта се прави според бројот од веќе направената АО полиса и истиот се однесува само на конкретната АО полиса.